Connect with us

Фудбал

Млада ѕвезда на Јунајтед го величеше Роналдо, но Агуеро со коментарот го „закопа“ (ФОТО)

Манчестер Јунајтед пред два дена славеше со 3:2 против Норич Сити во 33. коло од Премиер лигата.

Сите три гола за „црвените ѓаволи“ ги постигна Кристијано Роналдо, а натпреварот од клупата го следеше 17-годишниот Аргентинец Алехандро Гарначо. Алехандро Гарначо беше повикан за прв пат на натпревар од Премиер лигата на Манчестер Јунајтед.

Гарначо по натпреварот го пофали Роналдо на Инстаграм, каде сподели фотографии со Португалецот и напиша дека е најголемиот на светот.

Не можеше да се воздржи поранешниот напаѓач на Манчестер Сити и Барселона, Серхио Агуеро, , кој реши да му одговори на аргентинскиот тинејџер, велејќи дека така мисли бидејќи не играл со Лионел Меси.

Сепак, тоа делумно не е точно, бидејќи Гарначо беше повикан на претходниот собир на аргентинската репрезентација и тренираше со играчот на ПСЖ.

„Соништата се остваруваат“, напиша Гарначо во описот на една од фотографиите со Меси.

„Алехандро тренира со нас две недели и знам дека е еден од најперспективните играчи. Има само 17 години, но ако продолжи да се развива вака, големи се шансите да игра“, изјави Ралф. Рангник за младиот Аргентинец.