Connect with us

Фудбал

Младата ѕвезда на Реал најави голем трансфер? Често се слушам со него, мислам дека ќе дојде во Мадрид

Моменталната ситуација во ПСЖ не е воопшто добра и прашање е дали некој од најголемите ѕвезди ќе играат за овој клуб во следната сезона.

Веќе некое време се шпекулира за тоа дека Нејмар и Мбапе би можеле да го напуштат клубот, а Реал Мадрид прави се’ за да го донесе Мбапе ова лето.

Реал веќе ги збогати своите редови со Јовиќ, Азар, Менди и Милитао, а младата ѕвезда на клубот од „Сантијаго Бернабеу“ Винисиус потврди дека има големи желба Реал да го доведе и Мбапе, но и дека тоа ќе се случи, порано или подоцна.

„Секако дека навивачите сонуваат за потпис на Мбапе, но таков е случајот и со навивачите на останатите тимови. Мислам дека тој на крајот ќе дојде во Реал и мислам дека заедно ќе освоиме многу титули“.

„Не го познавам многу, освен што разменуваме пораки на Инстаграм, но тој е некој на кој многу се радувам. Ако дојде во Мадрид, тоа би било одлично“, рече Винисиус.

Реал веќе потроши преку 300 милиони за засилувања ова лето, а останува да се види дали воопшто ќе успее да го донесе и Мбапе кој моментално не е најсреќен во клубот, па наводно барал поголема одговорност во францускиот клуб.

Килијан Мбапе минатата сезона одигра вкупно 43 натпревари во дресот на ПСЖ во сите натпреварувања, постигна 39 голови и беше единствениот конкурент на Лионел Меси во борба за златната топка.