Connect with us

SPORTM.mk

Младиот фудбалер на Барселона го потпиша својот прв спонзорски договор, а потоа Чави сериозно го разочара

Откако дојде на клупата на Барселона, Чави Ернандез реши да им даде шанса на некои играчи од резервниот тим на каталонскиот клуб.

Поради проблеми со повреди во првиот тим, Чави беше принуден да приклучи во тимот неколку играчи од Барселона Б, а меѓу нив беше и напаѓачот Феран Јутгла.

Јутгла е роден во Еспањол, но во Барселона пристигна на почетокот на оваа сезона како слободен играч. 23-годишниот играч нормално игра за Барса Б, но доби покана од Чави да се приклучи на првиот тим.

Неочекувано доби шанса за игра која знаеше да ја искористи и на девет одиграни натпревари за првиот тим на Барселона успеа да постигне два гола.

Затоа го доби првиот спонзорски договор со јапонската компанија Мизуно со која вчера ја официјализираше соработката.

Сепак, набргу потоа Јутгла доби лоши вести од Чави кој го разочара со одлуката да се врати во Барселона Б каде ќе биде таму за да му биде на располагање на тренерот.

Чави сега има многу повеќе опции во нападот по доаѓањето на Адама Траоре, Феран Торес и Пјер-Емерик Обамејанг и оцени дека е подобро Јутгла да се врати во резервниот тим каде ќе има можност да игра.

Каталонски Спорт пишува дека Јутгла професионално ја прифатила оваа одлука и дека е решен да му докаже на Чави дека неговото место е во првиот тим на Барселона.