Кошарка
Младиот македонски кошаркар хит во финалето, ја прекри „Северна“, остана само Македонија (ВИДЕО)
Македонската кошаркарска репрезентација го освои второто место на Европското првенство во Скопје за играчи до 20 години Б-дивизија. Избраниците на селекторот Никола Василев загубија од Чешка со 85:72 во неделата, но сепак обезбедија пласман во А Дивизијата.
На социјалните мрежи е објавено видео кој наиде на бројни реакции и одобрувања, а моментот се случи токму по мечот во финалето. Имено, младиот македонски кошаркар Тома Стојановски при доделувањето на наградите ја покри придавката „Северна“ и го остави само делот кој пишува Македонија. Како што е познато, на официјалните мечеви по промената на името ФИБА дозволува само дресови на кои пишува Северна Македонија.