Connect with us

Кошарка

Младите македонски кошаркари поразени од Бугарија

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години заврши осмопласирана на Европското првенство во Б-дивизијата, откако попладнево во Тбилиси во натпреварот од разигрувањето за седмото место загуби од Бугарија со 64-69.

По изедначената прва четвртина (21-21), бугарските кошаркари го презедоа водството и влегоа во последната четвртина со предност од 60-51.

Македонските кошаркари во финишот се доближија на минус три поени негатива (64-67), но немаа сили за резултатски пресврт.

Избраниците на селекторот Никола Василев на Европското првенство во Б-дивизијата во Грузија остварија ефект од три победи и четири порази и настапот го завршија на осмото место.