Тајмаут
Младоженецот не се израдувал на реакцијата: Невестата сред венчавка дознала за победата на Хамилтон (ВИДЕО)
Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Бразил во неделата.
Хамилтон имаше неверојатен викенд во Бразил бидејќи и покрај сите казни што ги доби на крајот успеа да победи на оваа трка и да остане во борбата за титулата.
Британецот на крајот од трката успеа да го претекне најголемиот ривал Макс Верстапен и на крајот дојде до победата.
Најважно за него е што ги задржа шансите за одбрана на титулата до крајот на сезоната.
Но, уште една одлична приказна ни доаѓа од Бразил од една свадба. Имено, за време на самата церемонија стигна веста дека Хамилтон победил, а невестата не можела да го сокрие ентузијазмот за тоа.
На младоженецот очигледно не му било сеедно што таа така реагирала на сред церемонија, а на крајот ова видео стана хит на социјалните мрежи, а на Твитер го објави тимот на Мерцедес.
When you find out @LewisHamilton won the Brasilian GP during the middle of your wedding. ??
Congratulations to the happy couple! pic.twitter.com/XNATj1WZtS
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) November 16, 2021