Connect with us

Фудбал

„Многу клубови не можат да сонуваат за Меси, но ние можеме“

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо ги следи настаните со Лионел Меси во Барселона.

ПСЖ се смета за еден од кандидатите да го донесе Меси доколку Аргентинецот навистина реши да ја напушти Барселона на лето, како слободен агент.

Меси сакаше да си замине ова лето, но тој остана да го почитува својот договор, но како што истакна на крајот од тековната сезона, прашањето е дали тој е конечно подготвен да продолжи и да ја напушти Барса по толку многу години?

„Ние не сме единствените што го следат Меси и неговата ситуација, но еве не, имаме свое место во ред. И, како што реков, не многу клубови можат да сонуваат за Меси, но ние можеме“, рече Леонардо и додаде:

„Четири месеци во фудбалот е вечност, па затоа е рано да се зборува за тоа сега. Тој ќе биде слободен агент само на лето“.