Connect with us

Фудбал

Многумина се прашуваат кога ќе заврши оваа сезона, УЕФА понуди две опции

Објавено:

На состанокот пред седум дена, УЕФА одлучи да го одложи Европското првенство за следната година за да може клупските натпреварувања да завршат.

Пандемијата на коронавирус создаде голем хаос во светот на фудбалот ширум Европа и сè уште не е познато кога натпреварите би можеле да продолжат. УЕФА го одложи ЕП за следното лето, а беше решено клупските натпреварувања да завршат до 30 јуни.

Сепак, сега е дискутабилно дали до тој датум сите натпреварувања би можеле да бидат завршени заради тесниот распоред. Италијанските медиуми пишуваат дека УЕФА разгледува две опции во случај да мора да биде „пробиен“ првобитниор термин.

Имено, првата опција е прво да се завршат сите лиги, а потоа да се играат натпреварите во Лигата на шампионите и во Европската лига. Но, многу луѓе не мислат дека ова е изгледна опција.

Во однос на втората опција, тоа е за првенства и европски натпреварувања да се играат истовремено за да можат да се одиграат сите натпревари. Но, интересно, УЕФА дури размислува да ја заврши сезоната дури на 30 август.

Во сето ова, би траел и летниот преоден рок, а играчите би одмарале во септември. Новата сезона според таа опција ќе започне на почетокот на октомври и нема да има зимски преоден рок. Но, сè уште е рано да се зборува за сето ова, бидејќи сè уште нема индикации кога може да продолжи оваа сезона.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com