Connect with us

Фудбал

Модриќ избран за играч на сезоната

„Фудбалерот кој неодамна го продолжи договорот со Реал до 2022 година, одигра 48 натпревари оваа сезона, постигна шест гола и запиша четири асистенции“.

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ беше избран за најдобар фудбалер на Реал Мадрид за сезоната 2020/21 од страна на навивачите.

„Сакам да се заблагодарам на поддршката која секогаш ја добивам, поради тоа сум среќен и горд. Се надевам дека наскоро ќе се видиме на стадион и ќе уживаме. Ова беше тешка сезона поради повредата, коронавирусот и фактот дека игравме без навивачи на трибините. Научивме дека никогаш не треба да се предаваме и тоа секогаш го покажуваме“, вели Модриќ.