Connect with us

Фудбал

Модриќ, Меси, Бензема… Ова се најголемите ѕвезди на кои договорите им истекуваат на лето

Останува уште помалку од една недела ДО јануарскиот преоден рок. За дел од играчите тоа ќе биде влегување во последните шест месеци од договорите со клубовите, а меѓу нив се Лука Модриќ, најдобриот играч на Светското првенство во Катар Лионел Меси и напаѓачот на европскиот шампион Реал Мадрид Карим Бензема.

Во јуни оваа година Модриќ потпиша нов договор со Реал Мадрид до летото 2023 година, по што станува слободен агент. Сепак, шпанските медиуми наведуваат дека кралскиот клуб е подготвен да му даде нов едногодишен договор на хрватскиот играч за врска до летото 2024 година.

Хрватскиот капитен пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2012 година и досега има 454 настапи и постигнато 36 голови во дресот на Реал. Во дресот на кралскиот клуб освои 21 трофеј. На крајот на оваа година, договорот со Реал Мадрид им завршува на Карим Бензема, Тони Крос и Марко Асенсио.

Францускиот напаѓач настапува за Реал од 2009 година, а досега има 617 настапи и постигнато 329 голови, додека Крос од 2014 година во Реал има 383 настапи со 26 гола.

Најдобриот фудбалер на Светското првенство во Катар, Аргентинецот Лионел Меси на крајот од сезоната останува без договор. Неговиот договор со ПСЖ завршува во јуни следната година, но француските медиуми пренесуваат дека Меси и ПСЖ постигнале вербален договор за продолжување на соработката.

Има уште многу големи имиња кои сега се во последните години од своите договори. Клубовите треба да донесат одлука дали ќе ги продолжат договорите, дали ќе ги продадат во јануари и барем нешто ќе заработат или ќе ризикуваат да си заминат без обештетување на крајот од сезоната.

Трансфермаркт состави список на играчи чии договори истекуваа во јуни 2023 година.

Милан Шкрињар (Интер), Лионел Меси (ПСЖ), Јури Тилеманс (Лестер Сити), Карим Бензема (Реал Мадрид), Жоргињо (Челзи), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Н’Голо Канте (Челзи), Роберто Фирмино (Ливерпул). ), Илкај Гундоган (Манчестер Сити), Адриен Рабиот (Јувентус), Марко Асенсио (Реал Мадрид), Тони Крос (Реал Мадрид), Мемфис Депај (Барселона), Муса Дембеле (Лион), Давид Де Хеа (Ман Јунајтед), Стефан де Вриј (Интер), Анхел Ди Марија (Јувентус), Маркос Алонсо (Барселона), Вилфред Заха (Кристал Палас), Томас Лемар (Атлетико Мадрид), Рафаел Гереиро (Б. Дортмунд)…