Connect with us

Фудбал

Модриќ: Недозволиво е вака да го распродаваме угледот

Хрватската фудбалска репрезентација доживеа дебакл на премиерниот натпревар во Лигата на нациите.

Светските вицешампиони во Елче беа поразени од Шпанија со високи 6:0, што воедно е и најголемиот пораз во историјата, а вака убедлив триумф на Црвената фурија не очекуваше ни Лука Модриќ.

„Не го очекував ова, многу тежок пораз. Натпреварот го започнавме многу добро, првите дваесет минути беа доста добри. Сите заедно правевме одлилчен пресинг, па имавме две или три чисти шанси, но не погодивме, а кога го примивме првиот гол, се „распаднавме“, кажа Модриќ, па додаде:

„Недозволиво е вака да го продаваме угледот кој навистина тешко го стекнавме. Ако извлечеме поука ќе биде добро, а верувам дека ќе извлечеме. Најлесно е да се критикува и да се каже дека ништо не чини, но јас тоа не го сакам. Пристапот мора да биде поинаков“.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com