Connect with us

Фудбал

Модриќ одби да стане најплатениот фудбалер во светот по Роналдо и Мбапе

„ARAB Okaz Sport“ му ги претстави деталите за понудата на Ал Наср на Лука Модриќ (37). Саудијците сакаа да го направат хрватскиот капитен трет најплатен фудбалер во светот. Со тој договор Модриќ ќе се поставеше зад Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе, но тој одби.

Ал Наср на Модриќ му понудил 40 милиони евра по сезона, а вкупно Модриќ би заработил околу 100 милиони евра за време на двеиполгодишниот договор. Ал Наср сакаше веднаш да ја заврши работата во зимскиот преоден рок, но Модриќ реши да остане во Реал. Истиот извор додава дека челниците на Ал Наср се возбудени од идејата во тимот да ги имаат Лука Модриќ и Кристијано Роналдо.

Да потсетиме, саудискиот прволигаш Ал Наср го доведе 37-годишниот Кристијано Роналдо за највисока плата во историјата на фудбалот. Португалецот за две и пол години треба да заработи половина милијарда евра. Втор најплатен фудбалер во светот е Килијан Мбапе, кој во ПСЖ заработува околу 117 милиони евра годишно.

Сепак, Саудијците не планираат да застанат на Роналдо, а шпанска Марка последните недели пишуваше дека Ал Наср ги сака Лука Модриќ и Серхио Рамос. Модриќ е договорно врзан за Реал Мадрид до крајот на актуелната сезона и прашање е што ќе се случи кога таа ќе заврши.

Новиот договор се уште не е подготвен за него, пишува As, додавајќи дека во иста ситуација се и другите играчи на Реал и се договорно обврзани до летото 2023 година. Како што претходно пишуваше дека Модриќ не мора да се грижи за нов договор, но дека минутажата сигурно ќе му биде намалена.