Connect with us

Фудбал

Модриќ: Орсато е еден од најлошите судии

Лука Модриќ, капитенот на хрватската репрезентација тешко му падна поразот од Аргентина со 3:0 во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

Асот на Реал Мадрид смета дека судијата Даниеле Орсато одиграл значајна улога во триумфот на Меси и неговите пријатели.

„Бевме добри, ја контролиравме играта, а потоа следуваше корнер, кој судијата не ни го додели и пенал, за кој не мислев дека е. Тоа промени сè. Не ми се верува дека го изведоа тој пенал. Но, тоа не можеме да го промениме. Мора да се опоравиме и да се обидеме да победиме на следниот натпревар“, изјави Модриќ.

Трофејниот играч истакнува дека Аргентина е подобра, но не застана тука.

„Аргентина победи фер, тие беа подобри, го заслужија тоа, но мора да се спомнат некои работи, што јас нормално не ги правам. Не сакам да зборувам за судии, но овој е еден од најлошите. Не го паметам добро, катастрофа. За мене тоа не е пенал“, смета Модриќ.

Капитенот на Хрватска играта за бронза не ја гледа како казна.

„Имавме одлично светско првенство, а сега е во прашање бронзениот медал. Мора добро да се подготвиме. И тоа е добар успех“, изјави Модриќ.