Connect with us

Фудбал

Модриќ со насолзени очи: Што се случи? Не бевме добри, Сити беше супериорен, тоа се случи!

Лука Модриќ призна дека Манчестер Сити бил супериорен против нив синоќа во полуфиналето  и дека Реал Мадрид не бил на своето ниво.

-Не бевме добри. Сакавме да играме поинаку и подобро, но не успеавме. Сити беше супериорен. Тоа се случи. Сити беше многу подобар. Мора да го признаеме тоа и да им честитаме. Сега треба да го прифатиме овој пораз и да видиме што ќе се случи понатаму. Секогаш кога Реал губи, се станува големо и важно. Има многу анализи и критики. Мора да живееме со тоа и навикнати сме на тоа. Критиките нема да не закопаат, особено конструктивните и мораме да ги прифатиме по толку тежок пораз“, изјави потресениот Модриќ.