Фудбал
Мохамед Салах до соиграчите: Ќе им се одмаздиме следниот пат (ВИДЕО)
Селекција на Египет загуби во финалето на Африканскиот куп на нации од Сенегал на пенали. Салах овој пораз го доживеа емотивно. Прво на теренот го тешеше неговиот соиграч од Ливерпул Садио Мане, а се појави и видео од соблекувалната по мечот каде Салах држи говор.
–Игравме четири меча по 120 минути и не можам да ви замерам ништо. Има време за одмазда наскоро ќе играме повторно против нив и тогаш ќе ги добиеме – рече Салах.