Поврзи се со нас

Фудбал

Молк на клупата на Милан: Ибрахимовиќ го напушти теренот поради повреда (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан во моментов играат на гостински терен против Наполи во мечот од осмото коло во Серија А.

Милан успеа да поведе со 2:0 во Неапол кога Златан Ибрахимовиќ постигна одлични погодоци во 20. и 55. минута.

Но домашниот тим успеа да се врати во 63.минута, а голот за 1:2 го постигна Мертенс. Сепак, навивачите на Милан останаа во шок во 79-та минута кога Ибрахимовиќ побара замена.

Швеѓанецот се пожали на повредата на задната ложа и не можеше да го продолжи мечот, а навивачите на Милан се надеваат дека не станува збор за сериозна повреда и дека Златан нема да мора да паузира подолго.

loading...

Facebook