Фудбал
Мончи го донесе првото засилување на Рома
Спортскиот директор на Рома, Мончи го договори првото засилување за следната сезона, објави „Ла Газета Дело Спорт“.
Како што пишува италијанскиот весник, дресот на Рома ќе го облече дефанзивецот Иван Маркано (30), кој на Олимпико доаѓа од Порто за кој настапуваше во последните неколку години.
Маркано во Рома пристигнува како слободен играч, откако истече неговиот договорот со португалскиот гиганти, а се шпекулира дека ќе потпише договор на три години во вредност од 2 милиони евра по сезона.
Наводно, Маркано на масата имаше понуда од Валенсија, како и од неколку други шпански клубови, но на крајот се одлучи за „Волчицата“.
Во досегашната кариера, Маркано пред Порта настапуваше и за Рубин, Олимпијакос, Виљареал и Гетафе. Тој, исто така настапуваше и за репрезентацијата на Шпанија до 21 година.