Фудбал
Монтела се одлучи за Калиниќ, а му беа понудени Роналдо и Обамејанг
Кинезот Јонгхонг Ли пред 18 месеци за 740 мил. евра го купи италијанскиот калчо гигант Милан од Силвио Берлускони и најавени експресен кам-бек на фудбалскиот врв.

За време на летниот преоден рок беа потрошени рекордни 230 мил. евра, но и со тие засилувања “росонерите” не обезбедија пласман во Лигата на шампиони. Во тој период, спортскиот директор Масимилиано Мирабели реализираше неколку спектакуларни трансфери.
- Можам уште еднаш да го повторам тоа што веќе го изјавив. Постоеја реални шанси за да го осигураме потписот на Кристијано Роналдо. Не станува збор за некаква шега. Тврдам дека Роналдо ќе играше за Милан доколку тогаш на чело беа сегашните сопственици на Милан. Можам да гарантирам. Не му сметаше фактот дека нема да игра во Лигата на шампиони. Тогаш ни кажа дека сака да го освои и трофејот во Лига Европа. Преговарав со неговиот менаџер и јас со успех ја завршив мојата работа. Се беше дефинирано, неговата плата, неговото обесштетување. Не се плашев, затоа што кога Берлускони го продаде Милан на кинеската група нам ни збореше дека клубот е купен од голем човек кој зад себе има тим од адвокати и има поддршка од многу големи банки, изјави Мирабели.
Во тој период Милан беше во потрага по елитен напаѓач, но тогашниот тренер, Винченцо Мотела не сакаше никаква соработка со Пјер-Емерик Обамејанг.
- Разговарав и со Обамејанг. И тој беше расположен за кам-бек во Милан. За жал, прв избор на тренерот за напаѓачката позиција беше Никола Калиниќ. Морав да ја почитувам желбата на тренерот. Пред да заминам од Милан разговарав и со Алваро Мората, со Имобиле, Бензема и Игуаин, додаде Мирабели.
На крајот, Милан заврши во рацете на американската групација Елиот, а Мирабели остана без работа.