Поврзи се со нас

Фудбал

Мората бара промена на правилата за офсајд: „Кој постигнува голови со тој дел од телото?“

Алваро Мората се најде во центарот на вниманието пред две недели кога беа поништени три гола на натпреварот против Барселона.

Барселона славеше во Торино со 2:0 во мечот од 2.коло од Лигата на шампионите, но токму Мората го одбележа натпреварот. Му беа поништени дури три гола против каталонскиот клуб, а подоцна истата недела имаше и еден поништен гол во Серија А.

Во интервју за „Ел Партидазо“, Мората изјави дека е фрустриран од одлуките донесени од ВАР и дека е неверојатно заради сите офсајд што ги поништуваат головите.

“Имав поништени дури 13 гола за една година. Можеби ако имав малку помали нозе, ќе имаше помалку поништени голови. Во Лигата на шампионите, мојот гол беше поништен, бидејќи офсајд линијата ми мина преку рамото. Не разбирам зошто ВАР го прави тоа и каква е логиката дека линијата оди преку рамото? “, вели Мората и додава.

“Колку голови годишно гледате како некој дава со рамото? Па не разбирам зошто гледаат во рамото кога станува збор за офсајд. Во ред е кога е нога или некој друг дел од телото што е полесно да се постигне гол во офсајд, но за рамо не ми е јасно”.

loading...

Facebook