Connect with us

Фудбал

Мората:Добивам смртни закани, посакуваат децата да ми умрат…

Алваро Мората не се прослави на Европското првенство иако досега постигна еден гол. На три дена пред натпреварот против Хрватска во осминафиналето откри дека добива навреди и закани поради промашувањата на ЕП.

„Девет часа потоа не можев да спијам затоа што добивав закани, навреди кон моето семејство и желби моите деца да урат. Можеби не ја вршам добро мојата работа и ги разбирам критиките, но луѓето треба да се стават на моето семејство, а не да ми пишуваат вакви пораки“, се пожали Мората.

Мората имаше добра сезона во дресот на Јувентус затоа што постигна 20 гола и имаше уште 12 асистенции, а досега на Европското првенство постигна само еден гол, против Полска.

Интересно е тоа што со исклучок на мечот против Словачка, ниеден од шпанските репрезентативци не беше на висина на задачата, а сепак само Мората добива закани и свирежи од фановите.