Фудбал
Мората постигна три гола против Барселона, сите беа поништени
Торино, 29 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората на натпреварот од 2. коло во Лигата на шампионите вчеравечер против Барселона забележа необично достигнување. Шпанецот постигна хет-трик, но сите три гола му беа поништени со ВАР технологијата, бидејќи играчот беше во офсајд.
Победата на натпреварот и припадна на Барселона благодарение на головите на Усман Дембеле и Лионел Меси.
Јувентус по две кола има една победа и еден пораз и е втор во Г-групата, зад Барселона која е лидер со максимални шест бода. зс/