Connect with us

Фудбал

Мората се сели во Барселона

Поголемиот дел од шпанските медиуми ја пласираа сензационалната информација дека каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Алваро Мората.

Младиот напаѓач не ги исполнува големите очекувања кои ги имаат челниците на Челзи и се погласни се шпекулациите дека ќе биде продаден на крајот од актуелната сезона. Сепак, Барса сака прво да го позајми поранешниот фудбалер на Реал (М), а потоа да го откупи неговиот договор.