Connect with us

Фудбал

Морбидно и чудно оправдување на првиот човек на ФИФА: Ако на секои две години имаме СП, нема да имаме мигранти кои се дават во морето

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е најгласниот промотор на идејата, а неговата последна изјава на оваа тема веќе стана вирална на социјалните мрежи.
Швајцарецот смета дека системот на натпреварување што би значело Светското првенство да се игра на секои две години ќе ја запре миграцијата од Африка и Блискиот Исток кон Европа и дека тоа ќе го намали бројот на мигранти кои се дават во Медитеранот додека се обидуваат да го преминат.
„Ова не е само прашање дали сакаме да имаме Светски првенства на секои две години. Ако размислуваме за остатокот од светот и за поголемиот дел од Европа, тогаш мора да размислиме и што им носи фудбалот. Надеж на репрезентациите со кои луѓето се гордеат… Не можеме да му кажеме на остатокот од планетата „Дајте ни ги вашите пари и гледајте не` на телевизија“. Мораме да ги вклучиме“, рече Инфантино, додавајќи:
„Треба да најдеме начин да го вклучиме остатокот од светот, да им дадеме надеж на Африканците, да не мора да го преминат Медитеранот во потрага по подобар живот, а всушност масовно се дават во морето. Треба да им дадеме шанса , да им дадеме достоинство, можност и остатокот на планетата да учествува“.