Connect with us

Кошарка

Морбидно, кошаркарот на Реал Мадрид „погребан“, напишале дека „починал“ во салата на Партизан во Белград (ФОТО)

Сигурно ќе гори салата на Партизан во Белград на 2-ри мај, кога Партизан ќе биде домаќин на Реал Мадрид во серијата на пресметките. Српскиот тим води со 2:0 со две победи во Мадрид, а сега на ред се два меча во Белград.

Синоќа имаше вистински хаос, општа тепачка на паркетот помеѓу кошаркарите на двата тима, а човекот кој го започна инцидетот е кошаркарот на Реал, Серхио Љуљ кој бесот за убедливиот пораз на Реал го истури врз Кевин Пантер, кој брутално стартуваше над кошаркарот на Партизан по што настана хаос на теренот.

Сепак, се чини дека навивачите на Партизан најмногу му се лути на Гершон Јабуселе, кој со боречки зафат го собори Ексум, кој пак заработи повреда.

Па поради тоа, некој одлучил на Википедија да стави датум на смрт на овој кошаркар. Таму е напишано дека Јабуселе починал на 2-ри мај во салата Штарк во Белград.

По мечот тренерот на Партизан Жељко Обрадовиќ испрати пораки за смирување на страстите, но се чини дека тоа нема многу да влијае врз најфанатичните навивачи на тимот од Белград.