Connect with us

Кошарка

Мотивирани, но немоќни, Македонија поразена од светскиот првак

Светскиот шампион доминираше во второто поолувреме и стигна до убедлив триумф (94:65)

Македонската сениорска репрезентација со пораз го почна настапот во квалификациите за СП 2023, откако вечерва, во салата „Јане Сандански“, загуби од актуелниот светски првак Шпанија.

МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА    65:94

Гостите иако играа со доста подмладен состав, поради отсуството на играчите од НБА и од Евролигата, сепак, рутински дојдоа до бодовите, во меч во кој покажаа модерна и брза кошарка со многу опции во нападот. „Фуријата“ делуваше најсилно  во третиот период, во кој со серија (29-7) дојде до највисокиот плус од 33 (70-37), што беше потврда на големата разлика во квалитетот на двете селекции.

И покрај поразот, нашите момци не треба да очајуваат. Беа речиси рамноправен противник во целото прво полувреме, а кон крајот на третата и почетокот на четвртата четвртина постигнаа дури 15 поени по ред.

Она што е посебно за одбележување од овие први 40.минути во квалификациите, е настапот на 17-годишниот Теодор Симиќ, кој на голема сцена потврди дека е најблескавиот талент со кој располагаме во моментов. Покажа голема храброст во дуелите со и двојно повозрасните ривали и најави дека ќе биде „столбот“ на нашиот национален тим во годините кои доаѓаат.

Доказ плус е фактот што тој беше најпрецизен во нашата репрезентација со 18. поени за само 16. минути поминати на паркетот.

Двоцифрен поентерски ефект имаше уште и Џејкоб Вајли, Мекиќ и Робев со по девет поени ја завршија средбата во добро полонетата сала на СЦ „Јане Сандански“.

Инаку, на вториот натпревар кој се играше денеска во рамките од групата „Г“, селекцијата на Грузија ја оправда улогата на фаворит и ја совлада Украина, нашиот следен ривал, со резултат (88:83).

Реклама

Facebook

Реклама