Connect with us

Други спортови

МотоГП: Лоренцо со прва пол-позиција од 2016-та

Пилотот на Дукати, Хорхе Лоренцо, кој минатата недела објави официјално дека од сезоната 2019 ќе вози со Хонда, освои пол-позиција за Гран При на Каталонија во МотоГП – седма трка од календарот на сезоната 2018. 
 
Шпанецот стана шестиот различен пилот кој стартува од првата позиција од почетокот на 2018-та во шампионатот по Маркез (САД), Жарко (Катар и Франција), Крачлоу (Шпанија), Роси (Италија) и Милер (Аргентина).
 
Тоа е и првата полпозиција за Лоренцо од Валенсија 2016 година, како и прва за Дукати од почетокот на сезоната.
 
Од втората позиција ќе тргне Маркез, кој заостана само 0.066 секунди, а од трета – вториот пилот на Дукати – Андреа Довициозо.
 
Зад Дови утре ќе стартуваат Маверик Вињалес со Јамахa, Андреа Јаноне со Сузуки и Петручи. Валентино Роси, Жарко и Рабат ќе се наредат во третиот ред на патеката, а Крачлоу, кој имаше несреќа – на десеттото.