Connect with us

Кошарка

Може ли Сантијаго Бернабеу да биде домаќин на најголемите кошаркарски натпревари во Европа? (ВИДЕО)

Во тек е реновирањето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а работите треба да завршат следната сезона.

Капацитетот на стадионот ќе остане 81.000 седишта, но висината на стадионот е подигната за десет метри за да може да се додаде подвижен покрив.

Познатиот стадион наскоро ќе добие нов лик. Ќе има и подвижен покрив, па покрај фудбалските натпревари ќе може да се спортува и во затворен простор.

Според RAC1, кошаркарскиот клуб Реал Мадрид сериозно размислува своите натпревари да ги игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи ќе има одлични услови за тоа.

И Евролигата во сето ова ја гледа својата шанса. Имено, нивниот план е фајнл-форот да се игра на овој стадион.

Претседателот на Евролигата, Жорди Бартомеу не крие дека би сакал еден од следните фајналфор да се игра на фудбалски стадион со подвижен покрив, кој би бил затворен во случај временските услови да го налагаат тоа.

Тој претходно преговараше и со раководството на арената Јохан Кројф во Амстердам, а се сеќаваме и на Евробаскет 2015 кога се одиграа некои натпревари на стадионот во Лил.

Во приложеното видео погледнете како на крајот треба да изгледа Сантијаго Бернабеу.

Реклама

Facebook