Connect with us

Други спортови

Можеше да биде и полошо

Пред трката за Големата награда на Абу Даби, која на програмата е викендов, возачот на Ред Бул Макс Вертапен повторно говореше за „војната“ против Французинот Естебан Окон.

Имено, на трката во Бразил, Окон и Верстапен имаат инцидент на патеката, а Холанѓанецот смета дека францускиот возач е единствен виновник за сударот. Пилотот на Ред Бул по трката се обиде и физички да се пресмета со Окон.

  • Можеше да биде многу полошо. Што очекувавте од мене да направам? Да му подадам рака и да му се заблагодарам за тоа што завршив втор наместо прв? Сметам дека мојот одговор беше нормален. Ме совладаа емоциите бидејќи не дојдов до победата. Од моја гледна точка, мислам дека бев и премногу смирен, изјави Верстапен.

Холанѓанецот додаде дека бил премногу лут поради односот на Окон, односно дека не добил извинување од Французинот.

  • Не слушнавте што е кажано, само ме видовте како го туркам. Барав да ми се извини, а добив поинаков одговор. Доколку го сфатевте целиот разговор ќе видевте нешто сосема друго. Тој кажа нешто што не сакав да го слушнам, но не е важно што, заврши Макс.

Ова е последна трка во Формула 1 шампионатот за оваа сезона, а во неа последните кругови ќе ги вози и еден од најдобрите пилоти на денешницата, Шпанецот Фернандо Алонсо, кој од наредната година целосно ќе се посвети на трките во „Индијанаполис“.