Connect with us

Фудбал

Можеше да има голем инцидент, тројца фудбалери на Барса сакаа да се тепаат со навивачите на Еспањол, еве што се случуваше во тунелот (ВИДЕО)

Барселона славеше синоќа во градското дерби против Еспањол со 4:2 и со тоа на четири кола до кајот ја обезбеди титулата бидејќи има недостижни 14 бодови предност во однос на Реал Мадрид. И само што почнаа да слават титула, играчите на Барселона мораа да бегаат. Имено, хулиганите на Еспањол влетаа на теренот и почнаа да ги бркаат противничките играчи. За среќа брзо избегаа во тунелот, но и таму неколку навивачи влегоа.

Имаше меѓу нив полиција и обезбедување, кои не дозволија контакт, но Алаба, Бускетс и Араухо сакаа да се пресметаат со навивачите. Среќа што обезбедувањето реагираше, инаку можеше да има голем инцидент.
Инаку, ова беше прва титула на Барса од 2019-та година.