Фудбал
Можеше се, а постигна ништо: Лесни пари, дрога, стриптизерки, патот од ѕвездите, па до дното
Во светот на фудбалот има многу неизбрусени дијаманти, исклучителни таленти кои никогаш не ги сфатиле своите врвни достигнувања поради различни пороци.
Има фудбалери кои никогаш не се забораваат. Тие блескаат неколку сезони, но нивната магија останува таму засекогаш. Тоа беше случај со Енди ван дер Мејде.
На почетокот на овој милениум, Ван Дер Мејде беше познат како еден од најдобрите крилни напаѓачи во светот, беше член на големата генерација на Ајакс со Ибрахимовиќ, Снајдер, Ван дер Варт и други.
После тоа се пресели во Интер, меѓу „Нероаѕурите“ остана две сезони, одигра речиси 30 натпревари. Потоа заврши во Евертон, за да се врати во родната Холандија каде ја заврши кариерата.
Последниве години откри дека во неговиот живот имало многу друго освен фудбалот и дека често губел контрола врз себе поради дрога и алкохол.
Многумина го споредија со Џорџ Бест и Пол Гаскоњ, фудбалски боеми од едно друго време, но тој никогаш не бил на нивно ниво.
Во својата автобиографска книга тој објасни дека омилена работа му била да игра во Ајакс поради Ибрахимовиќ и Мидо.
Кажува и како неговата кариера се движела во надлона линија.
-Во Евертон ми понудија плата од 37.000 евра неделно, двојно повеќе од она што го добивав во Интер. Отрчав таму. Првата работа што ја направив е купив Ферари и отидов да се опијам во барот „Њуз“, еден од најдобрите во Ливерпул. Денот ми заврши во стриптиз клуб. Бев луд по стриптизети. Таму ја запознав Лиза и веднаш се заљубив во неа. Во мојот свет, пијанството и дрогата беа секојдневие“.
Неговата сопруга најмила приватен детектив кој лесно го открил неговиот двоен живот. Таа заминува и си ги зема децата. Во Ливерпул животот му станува нормален, бидејќи ја „средил“ приказната со Лиза, која станува негова сопруга, а потоа и мајка на дете. Но, за жал нивното бебе е родено со здравствени проблеми. Официјално се уште е играч, но проблемите се огромни, па веќе не спие, а си помага и за апчиња за спиење. Тој тоне се подлабоко во алкохол, дрога и забава:
“Бев надвор од контрола. Не можев да спијам освен со помош на апчиња. Тоа беше тешка работа, онаква каква што земате на лекарски рецепт, па ги украдов од клупската лекарска ординација. Тоа го правев повеќе од две години. Потоа дојде кокаинот, со Бакарди, многу вино и забава. Сфатив дека морам да го напуштам Ливерпул, или ќе умрам, пишува меѓудругото Ван Дер Мејде во автобиографската книга.