Connect with us

Фудбал

Мрме: Без тебе Барди не тргнуваме за Букурешт!

Игор Ангеловски вели дека националниот тим дочекал непријатна вест со информацијата за позитивниот тест на Ковид-19 на Енис Барди.

„Сите сме со тебе Енис Барди. Без тебе не тргнуваме за Букурешт“, напиша Ангеловски на социјалните медиуми и постави фотографија од него и Барди на прес-конференција.

Репрезентацијата за Букурешт заминува на 8. јуни, цели 14 дена од позитивниот тест на Барди, поради што се очекува сепак без симптоми да го мине коронавирусот и да биде со националниот тим на Европското првенство.