Фудбал
Му донесе титула во ЛШ на Ливерпул, а сега заминува во најлошиот германски тим?!
Ливерпул пред две години стана првак на Европа откако во финалето го совлада Тотенхем со 2:0. Клучните голови на походот кон пехарот ги постигна Дивок Ориги, кој стрелаше против Барселона во полуфиналето и во финалето против Тотенхем.
Неполни две години подоцна, Ориги се наоѓа на излезната врата на Ливерпул. Кариерата би можел да ја продолжи во Бундеслигата. Германски Sky известува дека Ливерпул и Шалке договараат размена на играчи. Ориги во Шалке, а во спротивна насока Озан Кабак. Инаку, популарните „Рудари“ во моментов се најлошиот тим во Будеслигата. Тие се на самото дно, а по 13 кола немаат ниту една победа.