Connect with us

Фудбал

Му ги изгасиле сите телевизори, смртта на Марадона се крие на само еден човек

Диего Армандо Марадона замина во вечното почивалиште. Врвот на неговата слава го доживеа во 1986-та година кога ја предводеше Аргентина до пехарот на СП. Селектор на таа генерација беше Карлос Биљардо. Токму од него се крие веста за смртта на Марадона.

Ова го потврдил и неговиот брат Жорге.

-На Карлос му ги изгаснавме сите телевизори, не сакаме да дознае за смртта на Диего, бидејќи многу го сака, а ова ќе го заболи многу дококу дознае, изјави Жорге Биљардо и додава:

-За Карлос, Диего е син кој никогаш го немал. Многу пати се ангажирал за него и го водеше секаде со себе каде што работеше, вели Жорге.

Инаку, 82 годишниот Карлос Биљардо стана првиот селектор на Аргентина кој му ја дал капитенската лента на Марадона.