Connect with us

Тајмаут

Му ги троши парите на Кристијано Роналдо и вели: Па што ако сакам луксуз, го заслужувам тоа!

Георгина Родригез за нешто помалку од два месеци ќе го прослави својот триесетти роденден, а замислете само каков луксуз ќе биде тоа? Позната како свршеницата на Кристијано Роналдо, претходно работеше во бутик на „Гучи“, кога го запозна фудбалерот и лудо се заљуби во него.

Од тој момент започнува нејзината бајка. За 6 години роди две деца, а има дури пет, од кои Роналдо три ги доби со сурогат мајка.

И додека фудбалерот го прави она што најдобро го знае: ги обезбедува семејството и децата, Георгина страсно ги троши своите пари.

Отсекогаш се гордеела со фактот дека скромноста не е нејзина доблест. Во тој дух таа со задоволство го покажува својот луксузен начин на живот, кој вклучува приватен авион, чевли, чанти, накит… А нејзините пријатели имаат голема мака: „Што да ѝ купат на Џорџина, која има сѐ?“


Превземено од maskimagazin.faktor.mk