Connect with us

Фудбал

Му починала мајката, па потоа и таткото: Аргентински фудбалер сакал да се самоубие

Аргентинскиот дефанзивец Емануел Мамана (24) признал дека во минатото размислувал два пати да си го одземе животот. Фудбалерот на рускиот Зенит за аргентински „Оле“ открил интимни детали од својот живот, а како што вели, овие мисли ги имал кога играл за Ривер Плата.

-По смртта на мојот такот се чувствувам како да сум загубил се. Веќе ја загубив мојата мајка и размислував да престанам да играм фудбал. Дури размислував и да се самоубијам, и тоа два пати размислував. Тоа беше тежок период, но успеав се да поправам. Морав да го испонам сонот и да играм во Првата лига, вели Мамана.

За Ривер Плата играше од 2014-та до 2016-та година, кога замина во Лион. Таму се задржа една сезона, а пред три години се пресели во рускиот Зенит за 16 милиони евра. Има три настапи за селекцијата на Аргентина.