Connect with us

Фудбал

Му се смее цела Германија: Фудбалер на Штутгарт побегнал од теренот, а причината е бизарна! (ФОТО)

Не му беше лесно! Дефанзивецот на Штутгарт, Валдемар Антон е тема на разговор во Германија. Имено, тој реши да го напушти теренот за време на натпреварот против Ајнтрахт во Купот на Германија. Сите беа во шок, но се покажа дека тој мора итно да оди во тоалет! Она што беше уште почудно е што Валдемар Антон не се ни врати на теренот откако отиде во тоалет! Тренерот на Штутгарт Себастијан Хенес мораше да го внесе во игра Енцо Молиот. Во полуфиналниот натпревар од Купот на Германија славеше Ајнтрахт кој со 3:2 го совлада Штутгарт и со тоа се пласираше во финалето на ова натпреварување.