Фудбал
Му се смееја бидејќи со Ауди пристигнал на тренинг, а потоа на сцена стапува Руни, кој воодушевил со потегот!
Иако многумина го знаат како пргав играч на теренот кој сакал да влегува во конфликти со противниците, надвор од теренот тој бил сосема поинаков. Неговите соиграчи открија дека Руни е задолжен за одличната атмосфера во тимот во тоа време, а тој се обидуваше да им помогне на секој од нив по потреба.
Сепак, една приказна особено се издвојува кога станува збор за Руни. Тоа се случи во 2007 година кога Манчестер Јунајтед го донесе Карлос Тевез од Вест Хем што беше одличен потег.
Тевез играше една година во Вест Хем и имаше одлична сезона, а потоа пристигна во Јунајтед каде ги играше следните две сезони со многу успех, а во 2008 година успеа да ја освои Лигата на шампионите.
Но, Тевез пристигна на еден од првите тренинзи со Ауди што му го даде клубот по потпишувањето на договорот, а тоа беше „најслабиот“ автомобил кога станува збор за возниот парк на Јунајтед.
Како што тогаш рече Тевез, дури и најлошите играчи на Манчестер Јунајтед возеле Ферари и чудно го гледале кога доаѓал со Ауди. Сепак, тогаш работата ја презеде во свои раце Руни кој му го даде на Тевез своето Ламборџини.
„Фудбалерите на Манчестер Јунајтед дојдоа на тренинг во Ферари или Ламборџини. Дури и најслабите во тимот имаа Ферари во гаражата, рече Тевез, додавајќи.
Тогаш разговарав со Руни, а тој ми покажа колку е „луд“. Автомобилот чини 500.000 фунти, а тој штотуку ми го даде“.
Тевез го напушти Манчестер Јунајтед во летото 2009 година и премина во редовите на градскиот ривал Манчестер Сити, што никогаш не беше простено на „Олд Трафорд“.