Тајмаут
Му се смееме во лице на Златан-Навивачите на Интер слават со бизарен транспарент, на кој се наоѓа Ибрахимовиќ (ФОТО)
„Се смееме во лице на Златан“, „Цел град се радува, насмевни се Златан“, „Прати му порака на Златан“, ова се само дел од транспарентите кои можеа да се видат на трибините на стадионот во Милано кога Интер го совлада Торино 2:0 со головите на Хакан Чалханоглу и ја освои 20-та шампионска титула на Италија.
Mandate un messaggio a Zlatan🤣🤣#Inter pic.twitter.com/vzO5Md332k
— LAUTARISMO⭐️⭐️ (@Ilmotard25) April 28, 2024
Навивачите на „неразура“ не му простуваат на Златан што по периодот во Интер мина доста време во дресот на Милан, а сега откако доби функција во клубот решија директно да го нападнат при прославата на титулата.
Највпечатлив беше транспарентот на кој може да се види како седи Златан Ибрахимовиќ, опкружен со стоечки играчи на Интер. Ова е всушност слика од филм од 18+ и конотацијата е јасна. Стојат Федерико Димарко, Лаутаро Мартинез, Хакан Чалханоглу, Николо Барела и Маркус Тирам, а Златан е насмеан.