Тајмаут
Мундијал во Катар, забранети нешта: Кратки здолништа, разголени навивачки, алкохол само на одредени места…
Пред почетокот на Светското првенство во недела, навивачите пристигнуваат, а во Катар ги дочека список со забранети нешта.
Во Катар важат строги правила, па секој мора да го почитува домаќинот, доколку не сака проблеми за време на Мундијалот. Фановите во Катар ќе мора да заборават на опојните средства, алкохолот, порнографијата, но и свинското месо, како и книгите поврзани со религијата.
– Увозот на опијати, алкохол, порнографија, производи од свинско месо и верски книги се нелегални материјали во Катар – се наведува во водичот за туристи на владата на Катар.
Консумацијата на пиво е можна, но само на одредени места, како што се стадионите и зоните на навивачите. Забранети се пцовки, некултурни гестикулации, како и секаква дискусија со одговорните. Сето тоа може да биде причина за проблеми со законот.
Гостите се предупредуваат дека „интимноста на јавно место“ е забранета, а има и совети за облекување.
– Треба да се облекувате соодветно, жените да ги покриваат рамениците и да избегнуваат кратки здолништа. И мажите и жените не треба да носат шорцеви, панталони кога одат во официјални институции, болници или шопинг – вели водичот.