Connect with us

Фудбал

Мурињо: Да се губи со 3:0 и да се биде инфериорен во сите погледи, не е лесно да се верува во успех. Честитки за Вест Хем

Лондон, 18 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо не може да поверува како неговиот тим испушти победа над Вест Хем, вечерва на натпреварот од 5. коло во Премиер по водство со 3:0. Поточно, на Португалецот не му е јасно, како Вест Хем усепа да се врати резултатски.

– Ова е фудбал. Се разбира, морам да го анализирам второто полувреме, а не јавно. Но, за вас, повеќе би сакал да кажам дека е фудбал и дека им честитам на Вест Хем за вербата во себе. Не е лесно, да се губи 0:3 и да се биде инфериорен во сите погледи, а да се продолжи со вребата дека може нешто да се стори. Знаев дека тие не се ист тим како и минатата сезона, но губењето на предноста од три гола е сериозна казна за нас. И тоа е заслужено.

Јас веќе направив анализа на работ на теренот и дојдов до заклучок дека некои работи беа надвор од контекст.
Ја контролиравме играта, Кејн ја погоди стативата наместо да одлучува за исходот на мечот, а Бејл мораше да ги отстрани сите прашања во врска со победникот. Врз основа на настаните, нашиот четврти погодок беше поверојатен, отколку тоа што се случи, но ова е фудбалот.

Тимот постепено почна да се предава, но со доаѓањето на Винкс, повторно ја вративме контролата и рамнотежата. И, кога ја контролиравме играта, ја испуштивме и дозволивме нивната вера да расте. Моите момци не беа психички доволно силни за да се справат со ова. Во последните неколку секунди, изгубивме два бода, истакна Мурињо.

Тие се бореа до крај за да имаат среќа, затоа честитки. Оваа средба беше во наши раце и изгубивме два бода, уште еднаш потенцира предводникот на Тотенхем кој во последните десетина минути прими три гола и му допушти на Вест Хем да се спаси од пораз. зс/