Фудбал
Мурињо емотивно: Господ гледаше фудбал, затоа Ериксен остана жив
Новиот тренер на Рома го пофалил лекарскиот тим и открил дека зборувал со еден колега од националниот тим на Ериксен.
– Вчера плачев и се молев, како што тоа го правеа милиони низ светот. Иако за лоша работа, вчера фудбалот ги обедини луѓето.
Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, откри дека многу се вознемирил поради данскиот интернационалец Кристијан Ериксен, кој колабираше за време на натпреварот против селекцијата на Финска.
Ова е многу важно за фудбалот, но вислам дека во тој момент беа покажани добрите страни на истиот. Љубовта, солидарноста, семејството. Не беше само неговото семејство, туку фудбалското семејство. Фудбалот ги обединува луѓето. Се молев, плачев, како што верувам дека истото го правеле милиони ширум светот. Фудбалот може да ги обедини луѓето. На крајот можеме да славиме, затоа што Ериксен е жив. Не сум разговарал со него, но вестите се охрабрувачки и добри“, истакна Мурињо, пренесуваат останатите медиуми.