Connect with us

Фудбал

Мурињо го сака дефанзивецот од Серија А

Тренерот Жозе Мурињо веќе започна со обележување на играчи кои има за цел да го доведе во Тотенхем на лето. Според британскиот весник „Дејли меил“, главното засилување што го има Мурињо е 22-годишниот играч на Рома, Џенгиз Ундер.

Фудбалерот игра во Серија А веќе 3 сезони со тимот од Рим, каде има постигнато 16 гола на 79 натпревари. Ундер го привлече вниманието на Мурињо кој го сака во својата екипа на лето. Тој има договор со екипата на Рома до 2023 година и доколку Тотенхем го сака во своите редови ќе мора да плати 35 милиони евра.