Фудбал
Мурињо: Италија е силна, но не можам да кажам дека сигурно ќе игра во финалето…
Леонардо Спинацола ќе мора да паузира подолго време поради повредата на Ахиловата тетива, што го принудува новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо да бара играч во другите клубови кој ќе ја засили конкуренцијата за позицијата лев бек во неговиот тим.
Италијанскиот репрезентативец Леонардо Спинацола ќе мора да паузира шест месеци, а тоа го натера тренерот на Рома, Жозе Мурињо да бара замена за талентираниот фудбалер.
„Мислам дека ќе имаме две одлични полуфиналиња. Шпанија ужива голема почит кај мене. Италија е одлична во последниот период, но не можам со сигурност да тврдам дека ќе игра финале. Имам преголема почит за шпанскиот фудбал за да го направам тоа“, смета Мурињо.
Британски „Сан“ објави дека Мурињо сака да го купи Марсело, кој има договор со шпанскиот тим до крајот на сезоната 2021/22.