Фудбал
Мурињо ја изненади јавноста за мечот со Бренфорд: Ова е најважниот меч откако сум тука!
Тотенхем вечерва игра против Бренфорд во полуфиналето од Лига купот. Изјавата на Жозе Мурињо во пресрет на овој меч изненади многумина. Како што вели тој, ова е најважниот меч откако тој седна на клупата на овој тим. Тотенхем во ова натпреварување чека трофеј од 2008-ма година.
-Сигурно најголемиот меч откако дојдов во Тотенхем. Без дилема. Со оглед на тоа колку долго Тотенхем не освоил ниту еден трофеј, полуфиналето во Лига купот секако е од голема важност за клубот. Единствено финалето е поважно од полуфиналето, изјави Мурињо.
Дуелот се игра вечерва со почеток во 20:45 часот.