Connect with us

Фудбал

Мурињо ја отфрли Португалија, сака во Рома

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ја одбил понудата на Португалската фудбалска федерација да ја преземе репрезентацијата, пишува Jornal de Noticias.

Шефовите на Манчестер Сити го гледаа Мурињо како главен кандидат за оваа функција. Сепак, специјалистот сака да го исполни договорот со Рома и засега не е заинтересиран за соработка со репрезентацијата на „морнарите“. Актуелниот договор на 59-годишниот Португалец со италијанскиот клуб е до 2024 година.

Португалската федерација не брза со изборот на нов селектор, бидејќи следните ангажмани на тимот се во март 2023 година.