Фудбал
Мурињо ја загуби десната рака во Рома
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ја загуби десната рака од Волците – Жоао Сакраменто. Специјалниот асистент објави дека го напушта Рим поради понуди за самостојна кариера од Франција и Португалија.
32-годишниот Сакраменто е во тимот на Мурињо две години. Му беше помошник и за време на престојот во Тотенхем, а сега во Рома. Неговата позиција кај Волците ќе ја заземе Салваторе Фоти.
Сакраменто не заборави да се прости од Мурињо на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
„2021 завршува со завршување на двегодишниот циклус со господинот Жозе Мурињо. Да работам со тебе беше сон, многу сум горд на тоа и ќе бидам вечно благодарен. Ви посакувам многу среќа“, напиша младиот специјалист.