Фудбал
Мурињо ќе биде поуспешен како менаџер на Сити
Легендарниот Дидиер Дрогба е убеден дека контроверзниот Жозе Мурињо и понатаму е вистинска опција за менаџерската функција во редовите на Манчестер Јунајтед, иако постигнатите резултати се далеку од очекуваните.

Португалецот има освоено три титули во Премиер лигата како менаџер на Челзи, а Дрогба е убеден дека “специјалиот# може да освои уште неколку трофеии доколку биде предводник на Манчестер Сити.
- Мурињо како менаџер на Манчестер Сити? Сигурно ќе ја освои Премиер лигата два или три пати, изјави Дрогба за “Скај спорт”.
Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска пред неколку дена потврди дека става крај на својата богата играчка кариера. Под водство на Мурињо, напаѓачот освои две титули во Премиер лигата, а на одиграните 381 натпревари, постигна 164 погодоци.