Фудбал
Мурињо: Не сакам да бидам лошо момче
Менаџерот на Тотенхем, |озе Мурињо посочува дека е тешко да се триумфира во Лига купот, но тој додава дека неговиот тим е на добар пат.
Тотенхем во среда го игра четвртфиналниот натпревар од Лига купот против Стоук. Тоа ќе биде 25-от натпревар на Спарс оваа сезона во сите натпреварувања.
„Јасно е дека некои играчи треба да се одморат. Некои мора да играат, тие го заслужуваат тоа … Стоук е многу добар, тие имаат силен тим и добри тренери. Лига купот е тешко натпреварување, тешко е да се освои, но јас сум на вистинскиот пат“, изјави Мурињо.
Неодамна можеа да се слушнат критики на сметка на гостинската соблекувална на стадионот Стоук.
„Да, слушнав. Погледнав и видов. Но, јас нема да коментирам. Тоа не е прашање за мене, туку за надлежните органи. Не сакам да бидам лошо момче кое ќе коментира за туѓа соблекувална “.
Натпреварот е закажан за во среда во 18:30 часот.