Фудбал
Мурињо откри што му рекол на Дибала, по што Аргентинецот му ја бакна рака
Жозе Мурињо е тренир на врвно ниво повеќе од две децении. Португалецот ги смени соблекувалните на различни клубови и тренираше бројни играчи.
Ако Мурињо знае да направи нешто, тоа е како да воспостави добар однос со играчите. Последен кој го почувствува тоа на своја кожа е Пауло Дибала.
Португалскиот стручњак седи на клупата на Вучица од минатото лето и може да се каже дека одлично си ја врши работата откако успеа да ја освои Конференциската лига.
Во текот на летото на Олимпико пристигнаа неколку докажани имиња, а Рома изгледа одлично на стартот од новата сезона со 10 бода од четири кола.
На теренот одлично изгледа и Дибала, кој како да се прероди по пристигнувањето во Вечниот град и повторно игра одлично, потсетувајќи го на неговите најдобри денови во Јувентус.
Своите први голови во дресот на Рома искусниот офанзивец ги постигна на дуелот против Монца, а особено впечатлив првиот беше кога со топката во нозете истрча 50 метри, а потоа погоди.
Dybala & Mourinho … what a duo! 🥺❤️ pic.twitter.com/UdlM8uPRl0
— ESPN FC (@ESPNFC) August 30, 2022
Во 65. минута Мурињо реши да го извади Дибала од игра, а во таа прилика аргентинскиот фудбалер му бакна рака на својот тренер. По натпреварот трофејниот стручњак откри за што се работи.
„Минатата сезона против Јувентус на Олимпико му кажав на Дибала дека е добар, на вечерата му го кажав истото и тој се насмеа“.
Се сетивме дека минатата сезона даваше голови на спротивната страна“, изјави португалскиот тренер.
Дибала имаше постојани проблеми со повредите во Јувентус и не успеваше да игра во континуитет. Навивачите на Рома сигурно не сакаат истото да му се случи на Олимпико.