Connect with us

Фудбал

Мурињо подготвува казна за фудбалерите, „Црвените ѓаволи“ може да заборават на празниците

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, има намера да им забрани на неговите играчи да ја поминат божиќната вечер со своето семејство.

Според „ The Sun“ португалскиот стручњак закажал тренинг вечерта на 25 декември и не планира да им дозволи на играчите да си одат дома порано.

Во претходните години, на 25 декември, фудбалерите на Јунајтед имаа само лесни утрински часови, по што си заминуваа дома кај семејствата за да го слават Божиќ.

Мурињо не е задоволен од ангажманот на фудбалерите и затоа има намера да ги казни со дополнителен тренинг, објави англискиот медиум.

Имајте в предвид дека веќе на 26 декември во англиската Премиер лига ќе се одиграат натпреварите од 18. коло.